Божествена Литургија во Водоча (27.11.2022 )
Во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча, беше отслужена Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на надлежниот Митрополит Струмички г. Наум и неговиот викарен Епископ г. Јаков Стобиски. Верниот народ се поклони на моштите на свети Григориј Палама и на свети Кирил Лешочки.