Свети Теофан Затворник: Мајката Божја
Оваа природа е земена од Приснодевата, преку слегувањето на Светиот Дух и осенувањето на силата на Севишниот. Ангелите и Архангелите при воплотувањето служат на надворешен начин, не влегувајќи во суштината на делото на воплотувањето, додека Мајката Божја влегува. Заради тоа Таа се почитува повеќе од секое создание… Силата на ова суштинско учество во воплотувањето и Нејзиното застапништво за нас, е појако од секое друго.