Венко Андоновски: Една година, а само четири приказни
Приказна 2: Си беше еднаш еден човек што рече: „Порано големи луѓе живееја во мали куќи, а сега мали луѓе живеат во големи куќи“.
Оваа приказна, како и горната е социјална, речиси рациновска. Ама за разлика од претходната, е и целосно вредносно изместена: укажува на тоа дека изминатава година неспособните уживаа, а способните се мачеа и бореа. Тоа значи дека НЕНОРМАЛНОТО веќе го прифаќаме за НОРМАЛНО. Јас одамна тврдам дека не ни требаат толку специјалисти – политички аналитичари (секој втор говорник денес на ТВ е политички аналитичар), колку психијатри.