Cлегувањето на Светиот Дух врз апостолите или Педесетница – Духовден
На 04.06.2017 година, на денот посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите или Педесетница – Духовден, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова Литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.






Кога свештеникот вади честички и ги спомнува имињата на верниците на Проскомидијата, тогаш слегува ангел Господов и ги зема овие спомнувања и ги носи пред престолот на Владиката Христос како молитва за оние кои биле спомнати. Гледате ли колку голема вредност има тоа, да ве спомнуваат на Проскомидија?
Упокој ги Боже Твоите слуги, и во рајот всели ги каде што е соборот на Твоите свети, Господи, и каде што праведниците светат како светила: починатите слуги Твои упокој ги, превидувајќи ги сите нивни согрешенија.
Често гледаме како роднините се трудат да го изведат погребот или да го уредат гробот што побогато. Понекогаш се трошат големи средства за подигнување на раскошни споменици. Роднините и пријателите трошат пари и на венци и цвеќиња, кои не се положуваат во гробот, за да не го забрзаат распаѓањето на телото.
Ја празнуваме Педесетницата и слегувањето на Светиот Дух, за што говори Господ, велејќи: „Подобро е за вас Јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го пратам. А кога ќе дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати на секоја вистина: но од Себе нема да зборува, а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже вистината“ (Јован 16, 7-13). Какво е ова ветување!
За новиот Светител Лесновски, сведочат многуте луѓе кои го познавале, за неговта прозорливост, за неговота чудотворна исцелителна моќ и за неговиот високоморален духовен авторитет. За ова се зборува не само помеѓу нашиот народ, туку на секаде во светот каде што имало можност да се види и да се слушне за оваа вистинската фреска која оди (жив светител).
Кoга насилникoт извршува насилствo над правeдникoт oд кoристoљубиe, тoгаш насилствoтo дoнeсува eдна пoлза и eдна штeта, и тoа: штeта на насилникoт, а пoлза на тoј штo страда насилнo. Гoдунoв гo убил oсумгoдишниoт цар Димитриј за да завладee сo прeстoлoт бeз наслeдник. Брзo завршилe и царскитe дeнoви на Бoрис и насилникoт сe прeдал на скапувањe и прoклeтствo, а Димитриј сe пoсвeтил.
Бидeјќи oтстапникoт oд Бoга e пoлoш oд нeзнабoжeцoт, oтстапникoт oд Бoжјиoт закoн паѓа пoнискo и oд рoдeниoт идoлoпoклoник. Затoа, кoга Израилoт, какo стара Бoжја црква, oтстапи oд Бoга и oд закoнoт Бoжји, Бoг гo избра Навухoдoнoсoр за Свoј слуга да гo казни oтстапникoт Израил.
Во Црквата секогаш треба да се отфрла и спречува она што ѝ е туѓо и што соблазнува, и најмногу да се чува мирот и слогата, но под услов верата да биде здрава (односно правилна, православна). Тогаш и Господ ќе нѐ помилува и ќе го соедини она што е разединето. И кога ќе бидеме едно стадо, повторно ќе имаме еден Водич – нашиот Господ Исус Христос.
Православната Брегалничка епархија, по повод 50 годишниот јубилеј од возобновувањето на Охридската архиепископија како Македонска православна црква и впишувањето на Епископот Велички Гаврил Светогорец во списокот на светиите, ќе чествува на 27 и 28.05.2017 година. Свеченостите ќе се одржат во Соборниот храм Св. Никола – во Штип.
Торжеството што започна претходниот ден со благодатната Литургија во битушкиот храм на Свв. Кирил и Методиј, продолжи и денес во нашите две светилишта, заменувајќи ја Пасхалната радост со радоста на Христовото Вознесение. Возвишените стихови на богопросветлените црковни поети неодоливо ја внесуваа оваа небесна димензија во душите на присутните, издигнувајќи ги онаму каде што учениците со поглед Го следеа Христа,
Празникот на празниците за нас и празникот на Вознесението на нашиот Господ Исус Христос, кој е пред нас, кој претставува голема и натприродна тајна, зашто нашата телесна човечка природа е издигната зад пределите на видливото небо, како што е напишано: „Бог, богат со милост, поради големата Си љубов, со која нѐ засака,
Вo Сарацeнскиoт табoр гo прашалe св. Кирила: „Какo христијанитe мoжат да вoјуваат и пак да ја oдржат Христoвата запoвeд за мoлeњe на Бoга за нивнитe нeпријатeли?“ Свeти Кирил oдгoврил: „Акo вo eдeн закoн сe запишани двe запoвeди и им сe дадeни на луѓeтo за извршувањe, кoј чoвeк ќe бидe пoдoбар извршитeл на закoнoт: oнoј кoјштo ќe испoлни eдна запoвeд или oнoј кoјштo ќe ги испoлни двeтe запoвeди?“
Да се љуби Христос не значи да се биде наемник, ниту побожноста да се гледа како трговија од која ќе излезе некаков профит (тука или во вечноста), туку само поради љубовта кон Бога да се биде добродетелник.
Од аголниот камен на чудата Христови секогаш се прекршувала човечката вера и човечкото неверие. Уште од чудото на Неговото зачнување, па сé до чудото на Неговото вознесение. Отсекогаш, па и денес. Спасителот, во своето бескрајно смирение, се утешуваше: “Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си го открил на простите. Т
Моето размислување за тоа каков треба да биде стилот на проповедта започнува со една теологумена за тоа како би се развивала мисијата на Божјата Црква ако Христос избереше поинаков стил на проповед, бидејќи Христос ја започна Својата мисија на земјата не со проповед со премудри и неразбирливи зборови, туку со дела кои го сведочеа Неговиот збор, словото на Божјото Слово.
























