Митрополит Струмички Наум: Постојано треба да се проверуваме. Зошто?
И затоа треба постојано да се проверуваме, затоа што Божјиот печат што го добиваме на секоја Света Литургија, преку Божјото слово што го слушаме и преку Светите Тајни со кои се причестуваме, по некое време избледува. Јасно ни е дека со безобѕирно и страстно барање на човечка слава, богатство и телесни наслади, градиме идолопоклонички однос и идоли; но што е со она што го нарекуваме свето?