Вознесение Господово (17.05.2018)
Помеѓу благодатното исчекување на слегувањето на Светиот Дух, од Пасхата Господова до славната Педесетница, Синот и Словото Божјо, Господ Исус Христос, ги радува Своите следбеници со уште едно таинствено собитие: Своето Вознесение на небото, толку суштествено за спасителното провидение за човештвото. Четириесет дена Он, воскреснат, им се јавувал на учениците, со Своето, сега веќе преобразено тело, чиешто место не овој трулежен свет, туку славата на седењето оддесно на Бога Отецот.