Чествување на денот на светиот апостол Тимотеј на Плаошник (04.02.2016)
Црквата нè потсетува за мирот за кој пееја ангелите во Витлеем. Ни го испраќа мирот, што им го остави Спасителот на апостолите. Црквата ни говори за мирот со кој им се обрати Спасителот на своите ученици по Воскресението. Мирот, што го остави Спасителот на земјата, не е мир со кој ќе се смират природните стихии, не е мир меѓу човек и човек, ниту мир меѓу царствата земни.