Втора Недела по Педесетница и Преп. Наум Охридски

На 03.07.2016 година, втора Недела по Педесетница, Преп. Наум Охридски, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Мирко Станкоски, протопрезвитер Жарко Мицкоски, презвитер Марјанчо Мадевски и ѓакон Илија Деспотовски.




















За да го спаси човекот, кој преку првородниот грев отпадна од Бога и стана смртен, по предвечниот Совет на Света Троица, покорувајќи се на волјата на Отецот, Синот Божји слезе на земјата, се роди со дејството на Светиот Дух од Секогашдева Марија, им го објави на луѓето Вистинскиот Бог Отец и Неговата Божествена волја, ги поучи на вистинското почитување на Бог...




























