Смири се сам
Еден од отците на светото православие во 20 век. во Србија, старецот Тадеј Витовнички (1914-2003) во едно од своите интервјуа ќе рече: „Бог не престанува да го смирува човекот сè додека тој самиот не почне да се смирува!“. Оваа мисла е чиста како солза,изронета од отворените духовни очи на еден монах кој му ги дал целото свое срце и душа на својот повик. Тоа е откровение, затоа што е плод не само на неговото духовно искуство, туку и на „просветлувањето“ од Светиот Дух. Не само што продолжува на длабоко личен и интимен начин она што Спасителот го рече во параболата за митарот и фарисејот: