Свети Порфириј: Болеста на модерното време
Кога страдаш од нешто и дознаеш дека е од рак, треба да се предадеш со многу љубов на Бога, да се смириш, да се успокоиш, да ги засакаш сите луѓе и да возљубиш сè околу себе. Сиот да си со љубов и славоловење кон Бога, за да ти се освети душата, да си полн со радост, а не да велиш: „јас од оваа болест ќе умрам“.