О. Жарко Ѓорѓиевски Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) 31.03.2019
Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги тера со сила луѓето да тргнат no Hero, да го земат крстот, но ги повикува доброволно да Го следат. Потребна е слободна одлука, односно да сакаш да одиш, и да го изодиш до крај патот Христов. Одрекувањето од себеси е самопрегорно предавање на сопствената волја во служба на Бога и ближниот - себежртвата е основното и прво евангелско барање.