Старец Маркел Каракалски (+2006)
"Покажи ми го, Господи, патот, по кој да одам”, вели цар и пророк Давид. Не е лесно да распознаеме што сака Бог. Затоа, кога треба да решиме едно тешко прашање, прво - не треба да брзаме. Потребно е многу молитви, пост и најмногу да му го претставиме тоа прашање на нашиот духовник. Бог преку нашиот духовник ќе ни даде известување.