Свети Јован Шангајски- *Значењето на спомнувањето на нашите ближни на Литургија*
Пред откривање на моштите на св. Теодосиј Черниговски (1896 год.), свештеникот кој го вршеше преоблекувањето на моштите, се измори и задрема крај нив. Го здогледа пред себе светителот кој му рече:
"Ти благодарам што се потруди околу мене. Уште те молам, кога ќе ја извршуваш Литургијата, спомни ги моите родители" - и ги изговори нивните имиња (ереј Никита и Марија).