Се упокои во Господ сестра Синклитикија (25.03.2022 )
Вчера, по кратко боледување, се упокои во Господ сестра Синклитикија од манастирот „Свети архангел Михаил“ во Берово.
Погребот ќе биде во сабота, на 26 март 2022 година, по Литургијата, која ќе започне во 9 часот во манастирот „Свети архангел Михаил“, во Берово.
Бог да ја упокои нејзината душа со сите Светии, и нас да нѐ утеши по нејзините свети молитви.







Без благословот од Бога, без Неговото осветување на бракот, сите поздрави и добри желби од пријателите ќе бидат само празен звук. Без Неговиот секојдневен благослов во семејниот живот, дури и најнежната и вистинска љубов не ќе може да даде сè што му е потребно на жедното срце
Постојат три различни лаги. Постои лажливец во мислите, постои лажливец во зборовите и постои таков што лаже со самиот свој живот. Лаже во мислите оној што прима предрасуди за другите. Тој гледа дека некој разговара со својот брат и почнува да претпоставува, говорејќи: „Тој зборува за мене“. И ако го прекинат разговорот, повторно се сомнева дека разговорот го прекинале заради него.
Господи, не се молам за чуда или привиди, туку за секојдневна сила. Научи ме на уметност за мали чекори.
Новина во ова издание е акатистот посветен на празникот Животворен извор на Пресвета Богородица – Балаклија. Да ги умножиме нашите подвизи, да ги засилиме нашите молитви, а во овој подвиг најмногу ќе ни помогне токму овој Богородичен псалтир. Ова најново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е превод на свештеник Јани Мулев.
Мораме да разбереме дека другиот е една рана, големата рана според Отците на Црквата. Грешникот е повреден, а не лош човек. Тој е трагична личност која има минато, но во исто време и иднина. Не можете да му судите на неговото минато затоа што не ги знаете причините за неговите постапки. Не ја знаете неговата иднина затоа што не можете да го видите неговото покајание.
Во овој ден, прва сабота од постот, го празнуваме преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон, кое има ваков почеток: За време на владеењето на Јулијан Отстапник (по Констанциј - синот на големиот цар Константин), кој отпадна од Христа и му се врати на идолопоклонството,започна гонење на христијаните, јавно или прикриено.
На 11.3.2022 година, петок од првата седмица на Великиот пост, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше на Повечерие со Акатист на Пресвета Богородица во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
А, доколку тој од една страна владее со луѓето, а од друга страна му робува на страстите, јас за него би рекол дека тој од сите луѓе е најголемиот роб. И е налик на оној кој длабоко во своето тело има скриено воспаление, но на површината на телото ништо не се покажува – а лекарот секако потврдил дека воспаление има, без разлика што обичните луѓе тоа не го забележуваат.
Еден монах го прашал свети Антониј:
Тие имаат разбирање за ништожноста
Акатистот се чита во повеќе прилики, а не само во постот. Светогорското предание вели дека Пресвета Богородица им се јавила на повеќе светогорци и им објавила дека, оние кои секој ден ќе го читаат нејзиниот акатист, таа нема да ги остави сами ниту во овој живот, ниту на судот, туку Самата Таа ќе ги закрилува и нема да дозволи да бидат осудени.Затоа во манастирите се чита 
10.03 Четврток
Во деновите на царот Ирод дојде глас во пустината до Јован, синот на Захарија, и тој дојде на другата страна од реката Јордан, проповедајќи покајно крштение за проштавање на гревовите[1]. Во тие, пак, денови се умножи и бесот на Ирод, кој ја зеде жената на својот брат Филип. И Јован му рече: „Отпушти ја, зашто не е добро да ја земеш жената на својот брат“[2]. Не можејќи од злоба да го поднесе своето изобличување, го фати и го фрли во затвор.
Еве го правиме веќе вториот чекор во живоносната пустина на Постот, и како што навлегуваме подлабоко во неговите возвишени пространства, така сè повеќе не обзема сознанието дека овде на земјата сме само привремени гости, дека таму некаде на крајот од овој краткотраен живот нè очекува нашата вистинска татковина
На 6.3.2022 г., Сиропусна недела и ден во кој Црквата си споменува за Адамовото изгнанание од Рајот, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше на Вечерна богослужба со Чин на простување во Соборниот храм ,,Свети Климент Охридски” во Скопје.
























