ПРЕТПРАЗНЕНСТВО НА ПРОСВЕШТЕНИЕ (БОГОЈАВЛЕНИЕ)
Сакајќи да ги погребе нашите гревови со вода во јорданските струи, од милосрдие, Христос доаѓа да нѐ обнови со крштението, нас распаднатите.Христе, покривајќи ја срамната голотија на прататкото Адама, се соголуваш доброволно, и Себе Самиот се покриваш со јорданските води, Ти Кој со води ги покриваш небесата, единствен Многумилостиве!