Свети Игнатиј Брјанчанинов: За помошта
Кога си во невоља, не барај помош од луѓето. Не губи си го драгоценото време и не исцрпувај си ја силата на душата твоја во барање на таквата слаба помош. Очекувај помош од Бога, на негов знак, во вистинско време ќе се појават луѓе и ќе ти помогнат.






„Пет минути“ пред склопувањето на сојуз, потпишаното не се разликува од обична свиткана хартија, но „пет минути подоцна“ ја има силата да ја определи судбината на стотици милиони.
Знак за духовен живот е вдлабочувањето на човекот внатре во себеси и тајниот труд во неговото срце. Божјата благодат го осенува тој човек и тој отпрво е во состојба на мир, а по тој пат стигнува до небесна состојба; во мирна состојба, т.е. со чиста совест; а пак во небесното, кога неговиот ум ја созерцува во себеси благодатта на Светиот Дух, според Божјото слово: Неговото пребивање – (беше) на Сион…(Пс.75:3)
Ако човек е во добро внатрешно расположение, тогаш и неговата работа ќе биде осветена. На пример, кога еден чирак оди да изучи занает кај некој мајстор, мајсторот треба да го поучи, преку пример, како да живее духовно. Од ова полза ќе видат не само чиракот и мајсторот, туку и крајните корисници на произведените добра.
Општесвената слобода, и слободата национална и слободата државна и слободата интернационална, без ослободување од самиот себе си, се само заводливи и лажни имиња на различни зандани и разновидни кафези.
Не може да се верува
И што гледаме ние денес на храмовиот иконостас – икона на Царството Небесно: кој седи од десната и од левата страна Христова? Не седи ниту апостол – па бил тој Петар или Павле, ниту некој свет архиереј, односно не седи претставник на надворешното свештенство; не седи никој друг, туку првите и совршени ...
Ние со ужас си помислуваме за војната, но многу често сосема спокојно се однесуваме кон оној страшен, бесчовечен мир, којшто ѝ претходи на бурата и крвопролитието. И секој од нас носи одговорност за сите оние страшни работи што се случуваат наоколу; никој да не вели: „Јас сум жртва, јас сум чист, јас само сум подложен на страданија, јас сум сломен од околностите…“ Христијанинот не може да биде сломен од ништо,
Постот претставува корен на секоја добродетел и почеток на исполнувањето на Божјите заповеди...Постот и воздржанието им користат не само на добродетелите, туку и на побожноста; бидејќи постот мора да е проследен со воздржанието. Зошто?
Како што сонцето со своите зраци ѝ се насмевнува на целата земја, така и љубовта со своите светозарни дела ја поздравува секоја душа. Ако ја придобиеме неа, тогаш ќе ги изгасиме страстите и ќе засјаеме до небесата. Секој труд лесно се извршува штом ќе ја придобиеме светата љубов; а кога неа ја немаме, во ништо успех немаме.
И блажени се гладните и измачените од жед; зашто таму ќе се наситат; а тешко на наситените, зашто таму ќе гладуват и жеднеат. Блажени се оние што плачат; зашто таму ќе се веселат и утешат; а тешко на оние што сега се смеат зашто таму непрестајно ќе плачат и воздивнуваат. Блажени се милостивите; зашто таму ќе бидат ...
– Господ наш Седобар рекол: Без мене не можете ништо да направите, а се’ што Господ рече, е апсолутна вистина и само вистина. Затоа ние секогаш прво замолуваме: Боже, помогни ми, па потоа го правиме она што сме наумиле. Ете, го извадив трнот. Ух, колку гној! Не ја спуштај шепата додека не ја завиткам.
Зависта – е страшно зло, полно со лицемерие. Таа ја исполнува вселената со многубројни несреќи. Од оваа болест судовите се полни со обвинети. Од неа произлегува страста за слава и стекнување на моќ; од неа е властољубието и гордоста. Од тука започнуваат патиштата на разбојниците и грабачите
Нашиот Отец е многу сострадален. Како е овој наш Отец толку милостив? Каков е нашиот Отец што толку многу нѐ сака? Каков е овој наш Господ, Кој вака силно ја пројавува Својата љубов спрема нас Своите слуги? Сѐ ни дава, со сѐ нѐ снабдува во изобилство; Он ги лекува нашите душевни рани, долго нѐ трпи нас што Го оставаме и сака сите да станеме наследници на Неговото царство.
Што да очекувам
"Дојдете да работиме во таинственото лозје, берејќи во него плодови на покајание, не ситејќи се од јадење и пиење, туку во пост и молитва негувајќи добродетели: со тоа Му угодуваме на Господа, и за трудот ни дава награда од еден денар, со кој ги избавува душите од гревовниот долг, единствениот многумилостив."
Свeти Јoван Златoуст вака пишува прoтив oниe кoи збoруваат вo црквата и кoи излeгуваат прeд да заврши Бoжјата служба: “Нeкoи нe пристапуваат (кoн причeстувањe) сo трeпeт туку сo туркањe, притискајќи гo eдeн друг, пламтeјќи сo гнeв, викајќи, карајќи и туркајќи гo свoјoт ближeн, пoлни сo мeтeж. За тoа јас чeстoпати гoвoрeв и нeма да прeстанам да гoвoрам.

























