Старец Јосиф Спилеот- „Исихастички сведоштва “
Сепак, тоа се случува кај оние чијшто слух и совест уште не се скаменети. Кај оние што ќе ја чујат добродетелта и не послушувајќи остануваат заробени во своите зли желби, ним и деноноќно да им зборуваш, и мудроста на Отците да ја испразниш во нивните уши, и чуда пред нивните очи да направиш, дури и водата на Нил врз нив да ја свртиш, тие ниту капка корист нема да добијат.