Тревките што се пробиваат низ асфалтот - Архимандрит Рафаил Карелин
Многумина од нас искуствено го осетиле тоа гаснење на духот. Човекот пребива во молитва, во неговото срце се населува малку спокој, тој ја чувствува духовната радост, но ете, се задржал со умот на една нечиста мисла – и сѐ пропаѓа. Како да се угаснала светлината во неговата душа; мрак, пустош и студ ја исполнуваат. Човечкиот дух е нежен како цветче. Од грубиот допир со страста тој се повелкува во себе, како што цветчето ги собира своите ливчиња, и само после покајание духот оживува.