Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“ (08.07.2020)
Секој јубилеј е спомен за некој успех, а истовремено и премин во наредниот. Овој јубилеј е посветен на Премин, списание за духовни вредности, кое веќе дваесет години успешно опстојува како противтежа на пропагандата на обременувачката (не)култура на денешницата во којашто живееме. Но, не како борба, туку како премин, отворање на можноста за друг начин на живеење, поразличен од овој конвенционалниот.