Бог е жив - ПРЕОБРАЖЕНИЕ
Дете воспитано во христијанско семејство слуша како се зборува за Бога уште од првите денови на неговиот живот. Мајката го прекрстува кога си легнува; таа му вели: „Бог нека те заштитува.Таа му ги покажува иконите, му дава да ги целива, прави да живее во присуство и под погледот на Бога.