Георгије Манзаридис: Присуството на Добрината – (I дел)
Пред да продолжиме со барање на доброто треба да спомнеме некои претпоставки. Доброто не треба да се бара како идеја, бидејќи не може да биде идеја. Тоа треба да биде ралност, зашто само како реалност може да има врска со човекот и со неговиот живот. Освен тоа доброто не треба да се бара надвор од светот или барем само надвор од него, зашто ако се наоѓаше само надвор од светот тоа ќе беше недостапно и бесполезно. Во тој случај светот нема да можеше да го почувствува и да го живее.