Најлесно е да си Јуда…
Најлесно е да си Јуда. Велиш дека си пријател, но кога ќе начекаш прилика, не се премислуваш за триесет сребреници, со еден целив да ги предадеш своите луѓе. Најлесно е да си Пилат. Секогаш кога ќе стане густо и мачно, ти „да си ги измиеш рацете“. Не земаш одговорност ниту за твоите дела, ниту за твојот живот.