Преподобен Ефрем Сирин: Засакај го најубавиот пост – дело многу почитувано и богоугодно
Засакај го Христовото сиромаштво за да станеш богат во Христовото Божество. Засакај го најубавиот пост – дело многу почитувано и богоугодно. Постот е кочија што вознесува на небото. Постот раѓа пророци и дава мудрост. Постот е добра одбрана на душата, сигурен состанар на телото. Постот е оружје на смелите, училиште на подвижниците.