Богојавление во Скопје 2017
На 19.01.2017 година, кога Црквата го прославува великиот празник Богојавление, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи Златоустова литургија во црквата Рождество на Пресвета Богородица, во општина Центар. После завршетокот на светата евхаристија архипастирот, свештенството и верниот народ во литија се упатија до мостот „Слобода“, каде беше извршен богојавленски водосвет.