НА РЕКИТЕ ВАВИЛОНСКИ
Со приближувањето на Великиот Пост, ние забележуваме дека во Црковните Богослужби се јавуваат посебни молитви кои Црквата премудро ги одредила за да не подготви за овој период на пост, молитва и покајание. Така, во Неделата на Митарот и Фарисејот, на утрената Богослужба се започнува со пеење на покајната песна „Отвори ми ги вратите на покајанието, Животодавче“ (Покајанија двери отверзи ми Жизнодавче).