Беседа на Епископ Антаниски г. Партениј за актуелната криза
Денес несомнено, човештвото ја покажува својата крајна немоќ; гордиот и супериорен „над-човек“, самозамислениот „господар на светот“, сега, во 21 век, во екот на најголемата технолошка експанзија, го гледаме стуткан од страв, испаничен и немоќен. Се плаши и се крие од еден непријател, толку „голем“ што не е дури ни видлив за човечкото око. Гледате каква иронија?!. Со овие реченици ја започнува својата беседа за кризата владиката Епископ Антаниски г. Партениј.