Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението
Со Своето Воскресение Господ го извел родот човечки од пеколот и го вознесол во Рајот. Господ го извлекол од смртта родот човечки и го вознесол во Бесмртноста. Господ од ништо, од небитие го воскреснал човечкото битие во Живот Вечен. Господ му го одзел човекот на ѓаволот и го дал во прегратката на Бог. Тоа е Воскресение!