Старец Порфириј Кавсокаливит - ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА (4)
Ако децата постојано ги фалиш, па уште и без расудување, нив тогаш ги искушува противникот ѓавол. Тој во нив го покренува млинот на егоизмот, а тие, од најраното детство навикнати на пофалби од родителите и учителите, напредуваат, можеби, во писменоста и знаењето, но какво фајде од тоа?
Во животот ќе влезат како егоисти, а не како христијани. Егоистите никогаш не можат да бидат христијани...