Свети Николај Велимировиќ: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ПРОСТУВАЊЕТО
Кога Господ Исус Христос умираше на Крстот, Он и во смртните маки се трудеше да им биде од корист на луѓето. Не мислејќи за себе, туку за луѓето, Он издивнувајќи изрече една од најголемите поуки што воопшто му ги дал на човечкиот род. Тоа е науката за простувањето. Оче, прости им, зашто не знаат што прават!