НЕМИОТ МОНАХ
Штом послушниот монах пристигна до реката и виде дека е поплавена, веднаш сфати дека не е можно да се помине. Затоа клекна и почна со солзи во очите, но со затворени усни да се моли. Кога завршил со молитвата, се појавил еден крокодил кој застанал пред него. Тогаш монахот се качил на крокодилот и од него бил пренесен на другата страна од реката.