СВЕТООТЕЧКА РИЗНИЦА
Свети Григориј Палама
ДО ОНИЕ ШТО СЕ МАЧАТ ДА ГИ ПОДНЕСАТ РАЗНИТЕ ТЕШКОТИИ ШТО НЕ СНАОЃААТ ОД СИТЕ СТРАНИ
1. Злото што по својата природа е зло, имено гревот, својот почеток го има во нас. Од друга страна, она што нашите сетила го восприемаат како зло, бидејќи е тешко и болно, исто така, може да биде од Бог, Кој како лекар го користи за да го спречи и исцели она што е навистина зло. Кога оние што згрешиле може да бидат исцелени, Тој се грижи за нив на секаков можен начин, но ако се неизлечиви, Тој им го одзема дури и животот, за спасение на останатите. Затоа, самите сме виновни за своите несреќи и стануваме достојни за осуда, додека пак, Тој е нашиот Добротвор и Спасител, со тоа што го отстранува вистинското зло. Понекогаш, како подвиг, ги изложува храбрите иа страдања што по својата природа не се зли. Исто како што болеста не била создадена од Бог, иако созданието што страда од неа е создадено од Него, така и гревот не настанал од Него, иако разумната душа што Тој ја создал доброволно се свртува кон гревот. Душата е удостоена со слободна волја и независен живот, зашто без таа чест залудно 6и било за неа да биде разумна. Така, таа добила волја, неусловена од каква било нужност, и ако пребива внимателно во Бог. и се соедини со Него преку л>убовта, ќе го сочува својот блажен и природен живот. Но, ако се насочи кон ниски нешта и телесни наслади, како да е презаситена од тоа свето пребивање во Бог, оддалечувајќи се од она што е добро по природа. таа заболува од она што е зло по природа - гревот, самата кроејќи си ја смртта, со тоа што доброволно отпаѓа од животот.
2. Бидејќи речиси сите сме такви, и имаме потреба од ѕодство и совет за општа полза, моето обраќање до вас сега ќе го составам главно од Божји зборови. и тоа со цел да спознаеме дека гревот е причината за сеопштиот напад на сите зла, да ја отфрлиме нашата гревољубива волја и да се свртиме кон се што е богоугодно. Тогаш. добивајќи простување преку добродетелни дела и служење на Бог, гневот Божји ќе го претвориме 80 милост кон нас. Тоа ни е посведочено и од Мојсеј со зборовите: „Ако го послушаш добро гласот на Господ твојот Бог, ако правиш што еугодно пред очите Негови, ако ги слушаш заповедите Негови, нема да ти пратам ниедна од болестите. што ги пратив на Египет. Зашто јас сум Господ. Бог твој Исцелител" (2 Мој. 15. 26).
3. .Ако постапувате според Моите повелби и ги запазувате Моите наредби и ако ги извршувате. секое добро ќе ве стигне и ќе живеете безбедно во вашата земја и војна нема да ја прегази. И ќе и дадам мир на вашата земја, и ќе спиете и никој нема да ве обеспокојува. Ќе ги изгоните вашите непријатели и тие ќе паднат пред вас мртви. И педесетмина од вас ќе прогонуваат сто души. и сто од вас ќе прогонуваат десет илјади, и непријателите ваши ќе паднат од меч пред вас. И ќе го јадете доброто од земјата - и старото и новото. И нема да се гнасам од вас, туку ќе се движам меѓу вас и ќе бидам ваш Бог, Кој ви го вети ова. Но, ако не Ме послушате и ако не ги исполнувате Моите повелби, туку ги нарушувате, или ако душата ваша негодува поради Моите судови, така што нема да ги исполнувате сите Мои заповеди - и Јас ќе ви го направам тоа: ќе ви испратам секакви болести и беспаќа. што ќе се измачува душата ваша и вашите непријатели ќе ви ги изедат добрата. И ќе го свртам лицето Мое против вас и ќе паднете пред непријателите ваши, и ќе ве заробуваат оние што ве мразат, и ќе бегате дури и кога никој не ве гони. И, ако покрај сето ова не Ме послушате - значи се свртите - седумпати ќе ја зголемам казната и ќе ја скршам вашата тврдоглавост. И залудно ќе ја трошите силата ваша, ќе го направам небото ваше како железо, и земјата ваша како бакар, и земјата ваша нема да го дава својот плод. и дрзјата земни нема да ги раѓаат плодовите свои. Ако, пак. и потоа не сакате да Ме слушате, ќе ви нанесам седумкратни удари. Ќе испратам против вас диви ѕверови кои ќе ве изедат и ќе ве намалат, така што ќе се запустат патиштата ваши. Ако и потоа не се поправите, ќе ве поразам седумкратно. И ќе испратам против вас меч за одмазда поради заветот. И ќе избегате по градовите ваши, ќе испратам на вас помор и ќе бидете предадени во рацете на непријателот, каде што ќе оскудевате за леб. Ако и покрај сево ова не Ме послушате и тргнете против Мене, и Јас ќе тргнам против вас со гнев и ќе ве казнам за вашите гревови. И ќе ги јадете телата на синовите и ќерките свои. И градовите ваши ќе ги претворам во пустина и ќе ги опустошам светилиштата ваши, и нема да примам благопријатен мирис од жртвите ваши. И ќе ја запустам земјата ваша, така што ќе се чудат над неа непријателите ваши што ќе живеат во неа. Вас, пак, ќе ве растурам меѓу народите и ќе направам да ве гонат со изваден меч. А на оние од вас што ќе останат, ќе им всадам страв, па и шумот од развеан лист ќе ги плаши; ќе бегаат како од војна и ќе загинат меѓу народите, и ќе ги проголта земјата на непријателите нивни" (3 Мој. 26. 3-38).
4. Гледате ли до каде оди гневот Божји, „иако Он е благ и милостив, долготрпелив и многумилостив" (Јоил 2, 13; Јона 4, 2), но само за оние што ќе се покајат и ќе се одвратат од своите лукавства. ..Обрнете се кон Мене и Јас ќе се обрнам кон вас" (Зах. 1, 3). „Обрни се кон Господ, твојот Бог. и слушни го гласот Негов, зашто Господ твојот Бог, е Бог благ и милосрден; Он нема да те остави, нема да те погуби, туку ќе најдеш во Господ, твојот Бог, помошник, ако Го бараш со сето свое срце и сета своја душа кога ќе бидеш во неволја. И ќе бидете во мака - верувајте ми -не само поради вашите страдања. туку и поради тоа што сте ги презреле Божјите заповеди и не сте ги запазиле Неговите повелби, и затоа сте препуштени на маки за кои нема лек. Во тагата ваша ќе барате да бидете избавени од злото, ќе ветувате дека ќе ги сочувате заповедите и ќе го покажете вашето ветување исполнето преку дела, за да добиете дејствителна помош од Бог. Но, кои се заповедите Божји? Непоколебливо благочестие и љубов кон Него, чистота и целомудрие на нашите тела, заедничка љубов, да не го посакуваш тоа што му припаѓа на ближниот и да не му нанесуваш зло, туку да му правиш добро колку што е можно, и едноставно, секоЈ да му го прави на ближниот свој тоа што сака и нему да му го прават.
5. Но, видете го судот, збор по збор, ако сакате, против оние што прекршуваат која било од заповедите Божји што ги спомнавме. ..Тие Ме раздразнија - вели Господ - со она што не е Бог: и Јас ќе ги раздоазнам со она што не е народ" (5 Мој. 32, 21). Повторно: „Јас сум Бог ревнител, Кој за гревот на татковците што Ме мразат ги казнувам децата, до третото и четвртото колено на оние што Ме мразат" (5 Мој. 5,9); и „Проклет да е оној што го навредува својот татко или мајката своја! И целиот народ нека рече: Амин!" {5 Мој. 27,16); и „Тој што го злословува таткото свој или мајката своја да биде убиен" (3 Мој. 20.9); исто така. и синот кој со празо му противречи на својот татко; и „ако некој има буен и непокорен син, кој не го слуша гласот на својот татко и гласот на својата мајка, тогаш нека го земат и одведат при старешините, па нека им кажат: овој наш син е буен и непокорен, не ги слуша нашите совети, расипник е и пијаница. Тогаш сите мажи од селото нека го каменуваат до смрт; така исчистете го злото од самите себе".
6. Но, што е со оние што ги прекршуваат заповедите на целомудрието? Зарем нивната казна не е смртта? „Блудница од Израилевите ќерки да нема - се вели -ниту блудник да нема од синовите Израилеви" (5 Мој. 23,17). Се оскверниле луѓето со блуд, се вели, „а умрените од помор беа дваесет и четири илјади" (4 Мој. 25, 9), и ако Финес, синот на Елеазар, не станел ревносно и не ги погубел со еден удар на своето копје за време на самиот чин на гревот обајцата - и блудникот и таа што блудничела со него, сите тогаш ќе загинеле - и невините и виновните ќе биле казнети, бидејќи престапот немало да биде одмазден. Затоа, Бог му рекол на Мојсеј: „Финес ја одврати јароста Моја и не ги истребив синовите Израилеви во Мојата ревност" (4 Мој. 25, 1-11). Ако блудот е толку строго забранет и така се казнува. што ќе претрпат прељубниците? „Ако некој биде фатен да лежи со мажена жена. тогаш и обајцата да бидат предадени на смрт - така истребувајте го злото меѓу вас" (5 Мој. 22, 22).
7. Но, ќе речете, ова е од стариот закон. Каква врска има тоа со нас - народот на Новиот Завет? Зарем не си го слушнал Законодавецот и Владиката Христос, каде што вели: „Не сум дошол да го поништам Законот, туку да го исполнам"; и „ниту една јота или црта од Законот нема да се измени. додека не се исполни се" (Мат. 5.17-18). Ако е така, секој што е изложен на смртна пресуда и други казни поради смртниот грев нужно ќе биде погубен и срамно победен, препуштен на непријателите и ќе претрпи секакви ужаси. Постои само еден лек откриен од мудроста и благодатта на Едниот Бог и Спасител Христос - преку покајанието да се умртвиме себеси за гревот. На тој начин, откако ќе го израмниме долгот за пресудите запишани во Законот, во Христос ќе се облечеме, преку добродетелта, во новиот човек, и така ќе се ослободиме од пресудата на Законот. живеејќи според Христос. Кој се принесе Себеси како жртва за нас. Ако Новиот Завет не го забранеше овој грев, вие кои сте подложни на смртна пресуда ќе го земевте предвид тоа, сакајќи да се самооправдате. Но, поентата е дека тој не го забранува само крајниот исход од гревот, туку и зачетокот на самиот грев, што не е толку сериозно, и ги осудува на вечна смрт оние што му се препуштаат, исто како потполно да го извршиле самиот грев. „Сте слушале дека им било речено на старите: 'Не убивај! Ако некој убие, виновен е пред судот'. Јас, пак, ви велам дека секој што се гневи на брата си без причина ќе биде виновен пред судот" (Мат. 5, 21-22).
8. Гледате? Неправедниот гнев го прогласуза за рамен на убиството, поставувајќи ги обете под еднаква осуда. Оној што е до толкава мера навреден од својот брат и го нарекува будала, „ќе биде виновен за во пеколот" (Мат. 5, 22). И повторно: „Сте слушале дека им било речено на старите: 'Не прељубодеЈСтвувај!' Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба. тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое" (Мат. 5, 27-28). Гледате? Овде го изедначува блудот со прељубата, бидејќи не секоја жена има маж. И не само блудот, туку и оној што ќе посака да прељубодејствува - и тоа само ако ја распали страста со помисла, преку страсен поглед - го нарекува прељубник и вели за него дека извршил прељуба. Зашто, Тој е судија на помислите и желбите на срцето, и го познава умот што е во нас, бидејќи Го создал најсличен на Себе, како духовна месечина и далечна светлина, што е способна во себе да го прими духовниот лач на божествената и највозвишена Светлина.
9. За оние, пак, што го претвораат садот на божествената светлина во сад за срамни и навистина мрачни наслади, и што го прават божествениот храм, соѕидан од Бог, живеалиште за демони и храм на идоли, со тоа што им се потчинуваат на страстите: какви се не безумни дела не направиле, за да не бидат наречени според најсрамниот грев - прељубата? Ако сите сме обручени за еден Маж, Христос - Единствениот Младоженец, како што изјавува Павле (2 Кор. 11, 2), и ако сме станале еден дух со Него, соединуваЈќи се со Неговата Божественост преку словесниот дел на душата, и ако сме Негови членови. невидливо соединети со Него, не ли ти се чини дека секој што ја осквернува таа заедница со тоа што се согласува на блуд е прељубник и така треба да се нарече? Или, дека е дури и повеќе од прељубник и далеку полош, бидејќи ја прекинал бестрасната, божествена заедница со бог? И повторно. што ни има заповедано во однос на заклетвите? Зарем не го забрани колнењето како лажна заклетва, и зарем не кажа јасно дека е дело на лукавиот? (Мат. 5, 33-37).
10. Но, зошто ги кажувам овие работи едно по едно, кога се може да се опфати со еден исказ? „Ако вашата правда не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите" - оние што го исполнуваа стариот закон - „нема да влезете во Царството Небесно" (Мат. 5. 20). За разлика од нив. ние, од кои се бара повеќе одошто од нив, не сме како нив ниту во нашите дела, ниту сме приближно како нив, туку сме учени да се воздржуваме и од нашите сопствени жени: „Времето натаму е кратко, та оние што имаат жена да бидат како да ја немаат; зашто се менува обликот на овој свет" (1 Кор. 7, 29); сепак, ние што сме го слушнале и сме поверувале во ова, не само што не се воздржуваме од своите жени, туку одиме и по туѓите. Ние, на коишто ни е заповедано да не се колнеме ниту во едмо влакно од косата: „Не колни се ни во главата своја, зашто не можеш ниту едно влакно од косата своја да го направиш бело или црно" (Мат. 5, 36), не се плашиме постојано да се колнеме во Највозвишената Глава на секоја твар, во Самиот Бог и во Божјите светињи. Нашата неизмерна дрскост - ох леле - има отидено дотаму што се колнеме во неискажливите знаци на спасоносното страдание, божествената крв на Бог над боговите, која е пролеана еднаш во сите векови за живот на светот - ох леле! Зошто не се скри од нас, о сонце, како што се скри од убијците на Бог? - е напишано како со мастило на хартија. потврдувајќи ги нашите заклетви, кои сите нив вистинскиот Владика ги нарече дело на ѓаволот. И на тој начин - тешко нас - Го правиме Оној што ја сотре силата на лукавиот негов соучесник!
11. Вакви сме кога се работи за Бог, но како постапуваме кон нашите ближни? Зарем не како кон туѓинци и непријатели? Тешко мене. што да правам? Како да ја искажам тежината на оваа општа несреќа што нб има снајдено' сите нас? Како да не можеме со ништо друго да се пофалиме, освен со тоа. што си завидуваме едни на други и што се однесуваме лошо кон оние што се послаби од нас. Речиси целиот свет стана бојно поле за нашите расправии. Иако само за кратко време се преправаме надворешно дека сме во мир едни со други, оние што се на властупотребуваат уште поголема сила против сиромашните, наметнувајќи им уште поголеми даноци на оние што живеат од својот труд. Кој војник денес е задоволен со своЈата плата? Кој од големците не посегнува по туѓ имот? Оние што ги хранат кучињата и свињите го разоруваат животот на незаштитените како крволочни кучиња и диви свињи. Затоа сиромашните викаат против сите вас: оние што се на власт, оние што се до нив, војската, оние што им служат, не можејќи да го поднесат бездушниот и суров однос на оние што го собираат данокот, како и непрестајното угнетување и неправда од оние што се најмоќни во вашата земја. А сега, реката на неправдата што е излеана стигна дури до монасите.
12. Потоа се чудиме како Господ не напуштил, како сме станале предмет на потсмев за нашите непријатели, како не надвладеале сите народи и не напаѓаат за да не ограбуваат немилосрдно. Наместо тоа, би требало да се восхитуваме на преизобилието на Божјото трпение, што не пуштил оган врз нас од небесата, како врз Кореј и тие околу него, што не не има испратено живи зо адот, разделувајќи ја земјата за нас и отворајќи бездна и лровалија, како што се случило со Датан, Авирон и целиот нивен собир (4 Мој. 16, 31-35). или што не не има предадено на целосна погибел, како што се случувало многупати со народите што извршиле смртни гревови. Ние, всушност, многу малку сме казнувани за нашите гревови.
13. Гледајќи дека Он казнува милостиво, очекувајќи го нашето обраќање, да Му се заблагодариме откако пострадавме и да се вратиме при Него, и да ги отфрлиме делата на мракот, за да станеме причесни на Светлината*. Да се љубиме еден со друг и преку делата на љубовта да го покажеме нелицемерието. за и љубовта Божја да пребива во нас, прославена на дело мегу сите народи што водат војна против нас. Да престанеме да го посакуваме тоа што е на ближниот, за да се оддалечиме од секоја неправда и да се здобиеме со Божјата правда, која ќе ни помогне да ги фрлиме безбожниците под нашите нозе и да ги присвоиме нивните имоти. Да се воздржиме од најстрашните заклетви, преку кои мислиме дека ги утврдуваме своите дела, а зсушност, го прекршуваме божествениот закон и постојано паѓаме, и ја одвраќаме од нас заштитата што доаѓа од Бог. Ако ја скротиме склоноста да правиме такви заклетви, Самиот бог ќе биде мегу нас, укрепувајќи го секој наш потфат. Да го промениме својот живот и да го направиме богоугоден и целомудрен, за Господ - Отецот на чистотата, да не возљуби како Свои чеда и да не издигне над секое бесчестие и трулеж, во се да ни помогне, и во војувањето против нашите непријатели. Да ги восогласиме сите наши дела, зборови и мисли со она што Му е угодно на Бог и така, очистени од се. да се вратиме при Него, да паднеме на колена и да заплачеме пред Господ нашиот Бог, барајќи простуван»е за нашите гревови.
14. Тогаш и Он ќе погледне на нас, ќе не очисти од секој грев и ќе не направи побели од снег, поблескави од злато, и ќе не прослави со Него сега и во бесконечните векови. Со Неговите зборови на многу начини ни го има покажано Своето човекољубие. преку параболата за блудниот син (Лк. 15, 11-32), преку милосрдието кон смирениот цариник (Лк. 18, 10-14; 19, 1-10), преку грижата за заблудената овца (Мат. 18,12-13). Со Своите дела ни ја покажа Својата неопислива милост: преку разбојникот што бил со Него распнат и со Него се зацарил (Лк. 23, 43); преку царот Манасиј, кој живеел како најголем беззаконик, но се покајал во последниот миг и бил услишен (2 Цар. 21,1-18), и преку милоста што ја покажал кон Ниневјаните. простувајќи им поради тридневното покајание низа гревови што ги правеле во текот на многу години (Јона 3,10). Тој ги приклони небесата и слезе кај нас - о, колку е неискажлива големината на Неговата добрина! - и поради нас стана гласник на покајанието (Мат. 4,17; Мк. 1,15), покажузајќи ни со дело и со збор како и самите да се придржуваме до тоа, а на оние што се одлучуваат послушно да Го следат не им ветува само ослободување од секое зло, туку и небесно и предвечно Царство.
15. Тоа Царство сите да го стекнеме, правејќи дела на покајание во Христос -Устроителот на покајанието, Кому Му прилега слава во сите векови. Амин.
превод од старогрчки јазик: Кристијан Ташевски
Извор: ПРЕМИН бр.141/142