Евангелските заповеди им се дадени на сите луѓе (21.11.2015)
Пишувате дека во светот и во семејство е исклучително тешко да се оттргнеш од земното. И навистина е тешко. Но евангелските заповеди им се дадени на сите луѓе што живеат во светот, зашто тогаш немало ни монаси ни манастири. Сите христијани треба да го помнат словото Господово: „ Во светот ќе имате маки“. Истото е речено и во Делата апостолски: „Во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки “.