Свети Теофан Затворник - Христијанството е тајна не само во својата основа, туку и во дополнувањата
„Значи, кој може да се спаси“, ќе рече некој, откако ќе ги воочи тешкотиите на самопоправањето? – Ќе одговориме со зборовите на Спасителот: „за луѓето ова е невозможно, но за Бог сѐ е возможно“. Оној што решил да живее христијански живот преку Светите Тајни добива благодат од Светиот Дух Кој просветлува, укрепува и теши.