Митрополит Николај Месогејски: За автентичниот и лажниот христијански опит – III дел
Нашата епоха има многу впечатливи нешта и секако нејзините достигнувања се импресивни. Самата најде неверојатни граници на кои им се приближи. Ги скрши преградите на земјината гравитација. Создава луѓе со досега непознати карактеристики, со вештачки или животински органи, со делови од други. Произведува видови кои до сега не постоеја. Ja променува природата, ги укинува нејзините закони. Влегува во телото, влијае на душата, креира менталитет и навики, го определува однесувањето.