Свети Теодор Студит - Поука (24.05.2016)

"Преголема е ревноста на светите Отци. Каков силен дух, какви подвизи; и како ги прославил себлагиот Бог, покажувајќи ги како богови преку знаците и чудата што ги правеле. И се прославиле не само оние што од почетокот биле добри и не знаеле за грев, туку и оние што скршнале од добриот пат и паѓале во тешки гревови, за потоа да се исправат со вистинско покајние.












Бескрајно сме Му благодарни на Бога што ни го издигна овој доблесен архипастир, монах и татко на монасите, роден на 7 декември 1906 година, којшто во монашкиот живот зачекори во 1924 година, во својата 17 годишна возраст, и кој покажа невидена смелост, пожртвуваност и љубов кон својот народ и Татковина.

Не би требало да испитуваме дали огорчувањето е праведно или е неправедно, од љубов или од злоба. Дали сме виновни или воопшто не сме. Но, духовната добивка што ни ја причинува секоја неправда треба да ја примаме радосно, да им бидеме благодарни на оние што ни нанесуваат неправда и постојано да Го славиме Бог.




Во храмот на св. пророк Илија, во скопската населба Аеродром, старешината на храмот, протопрезвитер Бранислав Стојанчов во сослужение на ѓаконот Горан Трајковски, отслужи Божествена Литургија . На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот на Литургијата отецот произнесе беседа од житието на пророкот Еремија.



























