св.Теофан Затворник - Дали е во тебе духот на благодатта?
Тешејќи ги Своите ученици, Господ им вели дека за нив е подобро Тој да се вознесе на небесата. Оти, вознесувајќи се, наместо Себе ќе им Го испрати Духот Утешител. Светиот Дух се симнал и пребива во Црквата, совршувајќи го делото Христово во секој верен христијанин. Секој христијанин е заедничар на Духот.