Мора да ја ползуваме, колку што можеме духовната арена со сите можности и предуслови што ни ги дава за уште повеќе да Му се приближиме на Христа Распнатиот, да ја добиеме Неговата помош и духовно преобразени, да се радуваме на Неговото свето Воскресение, бидејќи подуховно ќе го проживееме Великиот пост.Ви посакувам на сите добри сили за време на Великиот пост за да се искачите на Голгота и да Му се доближите на
Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинското прашање: се каеме или не?
На секоја Литургија, ако ги слушате внимателно молитвите, оној дел што Црквата го нарекла и го доживува како анамнеза, сеќавање, е спомнување за сето она што Господ го направи за нас – смртта, гробот, погребението, тридневното воскресение, вознесувањето и седнувањето оддесно на Бога и Отца, второто пришествие. И сето тоа остварено за нас и наше спасение, за нам да ни се простат гревовите, за ние да бидеме избавени од смртта и за да ни го даде Бог она...