Со силата на благодатта што божествениот Павле уште ја нарекува и „оклоп“,човекот може правилно да расудува и да го испитува злото и да го одбира доброто. Сега може да се спротивстави на „началствата, властите, на светските управители на темнината од овој век“, како што ни пишува светиот апостол Павле (Ефес. 6, 12). Тој оваа сила на благодатта ја нарекува уште и „наше оружје“, кое, како што појаснува
БОЖЈА ПРОМИСЛА – Свети Јован Тоболски (1651-1715)
Божјата Промисла се грижи за нас, така што и нашите најмали телесни тешкотии не остануваат незабележани од Негова страна. Како последица на тоа, секој од нас при телесна тешкотија треба вака да размислува: оваа болест или друга незгода е последица или на мојата невнимателност или на човечката злоба или на нешто друго, но во секој случај не би се случила без Божјата Промисла, која ја одредила според моите сили, така што нејзиниот почеток и нејзината тежина (ослабување или засилување) зависи од Него.