ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ- ТИТ КОЛИАНДЕР
Ако сакаш да ја спасиш својата душа и да придобиеш вечен живот, излези од зачмаеноста, осени се со крсниот знак: „во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин“. Верата не се стекнува со размислување, туку со делување. Ниту зборовите а ни мудроста не нè учат за тоа што е Бог, туку искуството. За да ја проветриме просторијата, треба да го отвориме прозорецот; за да допрат до нас сончевите зраци треба да ја напуштиме куќата.