Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот
Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и криза. Денес, можеби како никогаш досега по Христа, е толку актуелна и потребна примената на призивот на Свети Јован за покајание. Од каде оваа ни малку наивна криза? Од тоа што луѓето не внимаваат со техниката, со мобилните телефони, со интернетот и социјалните мрежи.