Радосниот детски одек на вториот летен камп по веронаука
Со молитва и дружба, послушанија и забава, помина и вториот летен камп по веронаука во нашите свештени обители Бигорски и Рајчица. Над триесетина дечиња, овој пат повеќето од Битола и Велес, имаа можност пет дена, преку разни активности и часови по веронаука, да учат за основите на спасителната Христова вера, но и да се исповедаат и причестат со светите Христови Тајни.