† СВЕТЛИ ПЕТОК - ИСТОЧЕН ПЕТОК
Во оваа Светла седмица торжествено го прославуваме празникот над празниците и торжеството над торжествата, односно светлото Христово воскресение. Овој, пак, петок е посебно посветен на Живоносниот извор на Пресветата Мајка Богородица. Овој празник потекнува уште од раната Црква Христова, а е поврзан со едно јавување на Пресвета Богородица на идниот византиски император Лав во V век. Во Синаксарот од Цветниот триод се вели дека овој благороден човек се движел надвор од Цариград, во местото викано Балаклија,