Поголем од милениумот
Бигорски е еден од пионерите во возобновата на македонското современо монаштво, па затоа овој манастир е нашиот најголем духовен центар, градба што постојано се доградува, имајќи го за свој современ ктитор богодаруваниот со уметнички и архитектонски осет – бигорскиот игумен отецот Партениј.
– Бигорски е најпрепознатливиот сведок на нашата црковна реалност и на нашата подготвеност, како и потврда на нашето право за црковна самобитност во православниот свет – заклучи г.г. Стефан.