Крстното знамение – силна поткрепа во подвигот на Постот
Од сите чудеса Христови, вели св. Јован Дамаскин, најпрекрасен и најдостоен за восхит е Неговиот чесен Крст. Оти со ништо друго, туку само преку него смртта беше победена, прародителскиот грев уништен, адот ограбен, нам ни се дарува Воскресение, ни се даде сила да ја презреме мачната сегашност па и самата смрт, ни се врати првоначалното блаженство, и отвори вратата на Рајот, нашата природа седна оддесно на Бога, а ние станавме чеда Божји и наследници. Затоа, крштевајќи се во името на Исуса Христа, како што вели Апостолот,...