Св. Серафим Саровски: Божјиот разум
Тие покајани грешници стануваат побели од снег пред Божјото лице, бидејќи се очистени со Неговата благодат. Дојдете, вели Господ. Ако вашите гревови се црвени, ќе станат бели како снег.
Нив, тајновидецот св. Јован Богослов ги видел облечени во бели алишта и со палмови гранчиња, со тие знаци на победата во рацете, како Му пеат на Бога прекрасна песна: Алилуја.