Претседателот Пендаровски го одликуваше Бигорски Манастир со „Орден за заслуги“ по повод 1000-годишнината од основањето
Денес напладне, во Претседателската резиденција на Водно, Претседателот на државата г. Стево Пендаровски му го додели високото државно одликување „Орден за заслуги за државата" на Бигорскиот Манастир „Св. Јован Крстител", по повод 1000-годишнината од неговото основање. На свеченоста свое обраќање имаа македонскиот претседател Пендаровски и старецот и игумен Епископот г. Партениј, а настапи и бигорскиот монашки хор.