Бигорското ќелијно училиште било првото училиште во западните краишта на Македонија и неговото најрано споменување во историските извори е од времето на знаменитиот игумен Арсениј, во првата третина на XIX век. Се претпоставува дека тоа функционирало и претходно, но Архимандрит Арсениј се погрижил да го збогати со потребна литература.
„Св. Иларион еп. Мегленски“ - Именден на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион (03.11.2018)
03. 11. 2018 година, Св. Иларион еп. Мегленски, препод. Иларион Велики - Именден на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ во Лесново, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновската обител отец Дамаскин со братството,