Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015
Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба да ја бараме во фактот што нашите молитви честопати се самољубиви, егоистични па дури и неразумни. Еве ни таков пример од денешното свето Евангелие: „Пристапија кон Него Зеведевите синови, Јаков и Јован, и рекоа: