Отец Александар Шмеман: НЕДЕЛА НА ПРОСТУВАЊЕТО: „Ни вашиот Отец нема да ви прости...“
Потоа, на вечерната, откако ќе го чуеме најавувањето на постот преку великиот прокимен: „Не одвраќај го лицето Твое од чедото Твое; бидејќи страдам, бргу услиши ме; пази ја душата моја и избави ја“, влегувајќи во великопосното богослужение, кое со своите посебности и молитвата на светиот Ефрем Сирин, при што преку матанија – бараме прошка еден од друг, го извршуваме обредот на простување и помирување. Приближувајќи се еден кон друг со зборови на помирување, хорот ги пее пасхалните песни, исполнувајќи ја црквата со очекување на пасхалната радост.