За време на германската окупација, речиси сите резерви жито во манастирот Филотеј се потрошиле, така што отците одлучиле да престанат со давањето милостиња. Во тоа време во манастирот живеел еден побожен монах, старецот Сава, кој бил многу изненаден кога слушнал за таа одлука, поради што го молел Советот на манастирот да ја преиначи одлуката бидејќи, во спротивно, постапката ќе го разжалости Христос
Ретроспектива (2005-2020):+Митрополит Методиј - ЖРТВИ НА ЗАДОВОЛСТВОТО
Уште како философско учење во антиката, хедонизмот се базирал на уверувањето дека човекот нема слободна волја. Робувајќи и на неумоливата судбина, нему не му преостанувало ништо друго освен да се предаде на ситните уживања што ги носи денот. Испразнет од било каква амбиција, или потреба од активизам во животот, сета своја егзистенција тој ја ограничил на привидното живуркање испразнето од смисла.